
Американските научници потврдија дека почнаа со првите клинички испитувања на вакцината против вирусот зика, јавува Ројтерс.
Засега нема одобрена вакцина или лек за опасниот вирус што м олскавично се шири на американскиот континент и кој може да предизвика тешки деформации кај главата на новороденчињата. Голем број компании и академски собири работар на развој на вакцина против зика, чија што масовна употреба се очекува да започне за најмалку две до три години.
Националниот институт за алергии и инфективни болести, дел од Националниот институт за здравје како сојузни истражувачки агенции, го потврди почетокот на раната фаза на клиничкото испитување на најмалку 80 здрави мажи на возраст од 18 и 35 години.
Инаку американската компанија Иновио Фрамасеутикалс во јуни доби дозвола од министерството за храна и лекови да почне со испитување на вакцината против зика врз луѓе. Компанијата Иновио развива вакцина во соработка со јужнокорејската ЏинУан лајф сајнсес и голем број научници.