Жената убиена во нападот во Лондон била Американка

Жената што беше убиена во синоќешниот напад со нож во центарот на Лондон е американска државјанка, потврди тамошната полиција, пренесува „Раша Тудеј“.

Во нападот се повредени уште петмина, а меѓу нив им а австралиски, британски и израелски државјани.

Напаѓачот е Норвежанец со сомалиско потекло. Според полицијата, напаѓачот не правел селекција при изборот на жртвите.

Деветнаесетгодишниот напаѓач е уапсен и е задржан во полицијата во Лондон. Полицијата разговарала со семејството н а напаѓачот и извршила претрес во неговиот дом, а разузнавачките служби досега немале никакви податоци за него.