Изваден автомобилот од Калиманци, телото на Дарко најдено во него

Нуркачки тим од единицата за специјални задачи „Тигар“, попладнево го пронајде автомобилот во водите на Калиманци.

Според првичните информации, во потонатиот „Форд“ на совозачкото место било пронајдено и безживотното тело на 41- годишниот Дарко С. од каменичка Дулица и истото е извадено од водите околу 17: 45 часот.

Како што претходно објавивме, вчера од водите на Калиманци беше извадено и безживотното тело на неговата сопруга, 31-годишната Тања С.

Според пријавата на мајката на починатата жена, сопружниците се расправале, по што влегле во автомобилот и заминале во непознат поравец.

Резултатите од обдукцијата извршена врз телото на Тања, покажаа дека се забележливи траги на насилство, но смртта е настаната како последица на давење од вода.