Репрезентативецот на Белгија и моментално прв голман на Атлетико (М), Тибо Кортуа е во центарот на фудбалското внимание поради сензационалната информација која е пласирана од шпанските медиуми дека од 2016 година ќе биде прв голман на најтрофејниот клуб во Примера дивизион, Реал (М).
Шпанските медиуми ја пласираа информацијата дека Кортуа кој е во сопственост на лондонскиот премиерлигаш Челзи ја одбил последната понуда за нов договор која ја добил од раководните лица на англсикиот клуб со образложение дека не сака да настапува на Остовот и дека сака да си замине од „Стемфорд Бриџ” како слободен агент откако ќе му заврши актуелниот договор кој има важност до 30 јуни 2016 година.
Спортските весници “Марка” и “АС” кои важат за блиски до таборот на Реал (М), открија дека репрезентативецот на Белгија веќе има потпишано пред-договор со “кралскиот клуб” и дека е ангажиран како замена за легендарниот капитен на Реал (М), Икер Касиљас.