ТРАГЕДИЈА: Македонец загина откако им помагал на повредени од сообраќајка

Четириесет и четиригодишен Македонец кој живеел во Германија утрово загина во сообраќајна несреќа на автопатот Белград – Ниш, кај Алексинац, откако излегол да им помогне на луѓе повредени во друга сообраќајна незгода.

На трагедијата во која настрадал Македонецот, претходела сообраќајна несреќа која предизвикал возач на „пежо“, исто така со германски регистарски таблички.  Тој движејќи се од Ниш накај Белград, во близина на бензиска пумпа, најверојатно поради тоа што се успал, удрил во заштитната ограда.

Македонецот кој се движел позади возилото „пежо“, ја видел несреќата и истрчал да помогне. Меѓутоа на него налетал „мерцедес“ со унгарски регистарски таблички и го усмртил на лице место.

На местото на несреќата излегла сообраќајната полиција и основен јавен обвинител од Алексинац, кои направиле увид. Благодарејќи на ефикасната интервенција на сообраќајната полиција кои ги преусмериле возилата, избегнат е поголем застој на автопатот.