Јавен повик од Гази Баба за доброволци да се вклучат во акциите

Општина Гази Баба апелира до сите граѓани на Град Скопје и сите граѓани на Република Македонија, кои имаат желба, волја, време и простор, да се вклучат како доброволци во акциите за справување со последиците од обилните врнежи и катастрофалното невреме кое ја зафати нашата општина.

Сите граѓани кои сакаат да се вклучат во акциите за чистење на теренот, може да се пријават во општината Гази Баба на телефонскиот број 02 322 6655, или пак во три временски интервали, односно во 10, 13 и 17 часот да дојдат во просториите на општината(адреса ул. Архимедова бр.2), од каде што организирано ќе бидат однесени до населените места каде што се спроведуваат акциите. Пожелно е оние граѓани кои ќе се вклучат во акциите доколку се во можност да понесат со себе и определен соодветен алат кој ќе им помогне во работата.

Граѓани на Сккопје и на Македонија, повеќе од добредојдени сте да помогнете да се справиме со заеднички сили со оваа природна непогода, се вели во повикот од Гази Баба.