Меѓу 21 лице загинати во поплавите во Скопје и скопско се и шесте лица кои беа пријавени за исчезнати, информираат од МВР за Курир.
Лицата биле пронајдени во текот на вчерашниот ден и истите се идентификувани. Оттаму информираат дека нема нови пријави за исчезнати лица.
Полицијата и армијата со брзата интервенција спасија над 1.000 граѓани по силното невреме од кои голем дел во животозагрозувачка состојба.
Теренот се пребаруваше и вчера на копно и со хеликоптери.