
Членовите на Националниот сојуз на слепи лица од Република Македонија изразуваат сочувство за семејствата на жртвите од големото невреме кое го зафати Скопје.
Тие ја покажуваат хуманоста и велат дека во рамки на своите финансиски можности ќе помогнат со снабдување на неопходните работи како вода, храна, пелени и друго.
-Сето она што го даваме, е дадено од срце и веруваме дека иако е скромно ќе биде од големо значење за настраданите. Изразуваме сочувство за настраданите. На повредените им посакуваме што побрзо да закрепнат и да ја заборават оваа катастрофа. Апелираме и до другите национални сојузи да ја покажат својата хуманост и да помогнат, изјави Жарко Селковски претседател на Сојузот на слепи лица.