
Бремената жена што беше приклештена во возило по сообраќајка, па кавадаречките пожарникари мораа да го сечат возилото за да биде извлечена, се породи вчера. Оваа информација ја потврдија од кавадаречката општа болница, пренесе Дневник.
– Младата мајка, која по сообраќајката била пренесена во нашата болница, се породила со царски рез како итен случај. Kолку што сум информиран и мајката и детето се во добра состојба, рече Орце Ангеловски, директор на болницата.
Станува збор за прилепчани, кои патувале во возило со скопски регистарски ознаки. Се обидовме да стапиме во контакт со нив преку една од социјалните мрежи, но тие не беа расположени драмата што ја преживеале за време на сообраќајната несреќа, да ја споделат со јавноста. Според Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес, во тешката сообраќајка во која учествувале три возила биле повредени две лица.
Сообраќајната несреќа се случи на магистралниот пат Прилеп-Градско во понеделникот во 7.30 часот, во близина на месноста Раечка Спирка.
– Станува збир за „фолксваген голф“ со регистерски ознаки од Пробиштип, „тојота“ со регистерски ознаки од Неготино и „рено“ со скопски регистерски ознаки – кажа таа.
Двете лица што биле со повреди биле на возраст од 46 и 33 години и биле сопатници во автомобилите „тојота“ и „рено“. Повредените биле пренесени во Јавната здравствена установа Општа болница Kавадарци.