Ракометарите на Вардар отпатуваа за Бања Лука, утре (20.00 ч) ќе го играат натпреварот од 17. коло од СЕХА лигата. Со победа на овој дуел вардарци и дефинитивно обезбедуваат пласман на завршниот турнир во Нови Сад, што ќе се одржи во периодот од 11- 13 април.
Тренерот Раул Гонзалез е свесен за важноста на овој натпревар, но според прикажаната игра на Борац во дуел со Татран Прешов, очекува тежок натпревар.
“Ова е многу важен натпревар за нашата екипа, бидејќи ако победиме обезбедуваме пласман на завршниот турнир. Она што го забележав кај Борац е дека играат многу добар ракомет и дека нема да ни биде ни малку лесно да победиме, но моите момци се мотивирани и одиме по трите бода”, изјави Шпанецот.
Голамнот на Вардар Страхиња Милиќ, верува дека нема да биде лесно против Борац, кој според него се наоѓа во одлична форма.
“Не чека тежок натпревар во Бања Лука, Борац има силна екипа. Дека се во одлична форма покажаа и на вчерашниот натпревар против Татран Прешов, меѓутоа ние одиме на победа и обезбедување на место на “фајнал-фор”- изјави Милиќ.