Дел од македонската естрада вчера настапи на Градскиот Плоштад во Охрид и здружено со граѓаните донираа за поплавените семејства во Скопје.
Кутиите за донации за кратко време се наполнија, а донации стигаа и од странските туристи кои не ги криеа своите солзи. Анастасија Петреска, нејзиниот татко Наум, Боби Мојсовски, Ѓоко Таневски, Татјана Стефановска, Зуица Лазова и организаторката Елена Велевска се само дел од пејачите кои настапија на овој хуманитарен настан.
Апелираат до сите колеги кои не беа во можност да настапат, да донираат за настраданите подрачја.Освен паричните донации, се собраа и доста материјални средства кои во моментов се неопходни за загрозените семејства.
Нешто подоцна хуманитарен концерт во „Кадмо“ одржаа Тајзи и Спејко кои исто така целиот хонорар и собрани средства од настанот го донираа за поплавените подрачја.
Викендов продолжува хуманитарната акција во Охрид. Дел од собраните средства од концертот на „Продиџи“ ќе бидат пренаменети за донации.