Брзи рецепти со јајца за кои ќе ви требаат најмногу 15 минути

Нивните главни „силни“ страни се тоа што брзо се подготвуваат, имаат одличен вкус и се многу хранливи.

За моментите кога ќе се појават ненајавени гости или кога немате желба да поминете часови и часови во кујната, испробајте некој од следните рецепти:

Крцкав сендвич

3-vkusni-obroci-so-jajca-za-koi-kje-vi-trebaat-najmnogu-15-minuti-02

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • 4 парчиња леб
  • 50g путер
  • 4 големи парчиња сирење
  • 2 големи парчиња шунка
  • 2 листови од зелена салата
  • Сол, бибер, некои омилени зачини

Подготовка:

1. Намачкајте ги парчињата леб со малку путер и испржете ги од двете страни на тава. Тргнете две парчиња од тавата – тие ќе ви бидат потребни подоцна.

2. Ставете по едно парче сирење на останатите 2 парчиња леб и покријте ја тавата. Печете додека не се стопи сирењето.

3. Врз сирењето ставете парче шунка, па уште едно парче сирење и на крај покријте со кришките леб кои претходно ги тргнавте настрана.

4. Покријте ја тавата и печете околу 30 секунди. Извадете го сендвичот од тавата и кога ќе се излади малку, додадете по еден лист зелена салата.

Мафини од јајца

3-vkusni-obroci-so-jajca-za-koi-kje-vi-trebaat-najmnogu-15-minuti-03

Потребни состојки:

  • 12 -15 јајца
  • 200g рендан кашкавал
  • 50g кромид
  • 200g зеленчук по ваш избор; домати, пиперки, тиквички, брокула.
  • 200g шунка, колбаси или варено месо.
  • маслиново масло
  • сол и црн пипер
  • 1 лажица од вашите омилени зачини

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 190°C. Премачкајте го со масло калапот за мафини.

2. Исечете го ситно зеленчукот и пржете во тава сè додека не добие златно-кафеава боја.

3. Исечете го месото на мали коцки.

4. Ставете дел од месото на дното од калапот, а остатокот измешајте го со зеленчукот и додадете сирење и млад кромид. Дополнете го калапот со оваа смеса некаде околу 2/3.

5. Јајцата изматете ги со вилушка и додадете им ги вашите омилени зачини како и сол и црн пипер.

6. Внимателно ставете од матените јајца во секој отвор на калапот. Можете и нежно да ги промешате сите состојки со вилушка.

7. Печете ги мафините околу 15 минути. Треба да се подигнат и да добијат кафеава боја.

Печено јајце во авокадо

3-vkusni-obroci-so-jajca-za-koi-kje-vi-trebaat-najmnogu-15-minuti-04

Потребни состојки:

  • 4 големи јајца
  • 2 зрели авокада
  • маслиново масло
  • сол, бибер и некои од вашите омилени зачини

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 200°C.

2. Пресечете ги авокадата на пола и извадете ги семките. Со помош на лажица издлабете го авокадото за да направите простор за јајцето.

3. Внимателно скршете ги јајцата и ставете ги во издлабените авокада. Додадете сол, црн пипер и некои од вашите омилени зачини.

4. Ставете ги авокадата во рерна и печете 15 минути, или онолку колку што сакате јајцето да ви биде испечено.