
Конечно видовме задоволство и насмевка на еден наш натпреварувач на Летните Олимписки Игри во Рио.
Во прелиминарната трка на 100 метри свој премиерен настап имаше најдобриот македонски атлетичар, Ристе Пандев, а во неа беше најбрз во својата група и со време од 10.72 обезбеди понатамошен пласман. Ова време е најдобро за него во оваа сезона, но е за 12 стотинки послабо од неговиот личен рекорд.
Судејќи по првата трка и неговата конкуренција, да се надеваме дека во втората Ристе ќе може да запише нов успех и нов државен рекорд. За два часа Пандев ќе има уште една трка во рамките од втората фаза.
Извор: Гол.мк