
Од ЈП „Македонски шуми“ наведуваат дека засега нема потреба од продолжување на забраната, но посочуваат дека доколку се процени дека има потреба ќе биде дополнително воведена и јавноста ќе биде информирана.
Ограничувањето за движење во шумите важеше за периодот од седум часот наутро до 17 часот попладне. По 17 часот беше дозволено заради одмор и рекреација на сопствена одговорност за својата безбедност и обврската за ненанесување на штети на шумата (палење на отворен оган во шума и др). Ограничувањето не важеше за организирана тура туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена и националните паркови, која ќе биде во придружба на претсваник од ЈП „Македонски шуми“ или националните паркови.
Завршува и забраната за палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата, која беше исто така воведена на 6 јули.