
Како што информираат од Министерството за одбрана, заедно со Генералштабот на АРМ било договорено симболично да биде одбележан Денот на АРМ.
На 17 август ќе бидат положени венци на гробиштата во Бутел, и ќе има плотунски оган, а на 18 август пред Министерството за одбрана ќе се одржи постројување на припадниците на АРМ и вработените во Министерството со што ќе се одбележи денот.