Дете преживеа воен напад во Сирија (ВОЗНЕМИРУВЧКО ВИДЕО)

Тој беше извлечен под урнатините на една станбена зграда, во Алепо, која била урната од лансирана ракета, момчето беше пронајдено целото во крв и со многу длабоки рани.

Според лекар од Алепо, момчето Омран Дакнеееш е на возраст од пет години. Тоа синоќа било доведено во болницата „М10“, веднаш по воздушниот напад врз квартот Катерџи, што е под контрола на бунтовниците. Детето имало рана на главата, но без трауми на мозокот и подоцна било отпуштено од болницата.

На видеото, кое го допре и го растажи целиот свет, се гледа Омер како седи на столче, натажен и целиот во крв.

Видеото беше првпат објавено пред неколку часа на Твитер, а овде можете да го погледнете: