
Ви нудиме неколку интересни рецепти за правење на сладолед.
1. Сладолед од јаготки
1 засладено кондензирано млеко
1 кондензирано млеко
2 лажички шеќер
1 1/2 шолји млеко
1 сад свежи јаготки или 1 пакување замрзнати јаготки
2 лажички сок од лимон
1/4 лажичка сол
Подготовка:
Измешајте ги првите 4 состојки во голем сад додека не се спојат заедно. Ставете ги јаготките, сокот од лимон и солта во миксер и миксајте додека не се спојат. Потоа ставете млеко во смесата.
Ставете ја смесата со млеко во фрижидер и оставете ја да замрзни.
2. Мока сладолед
1/4 шолја силно сварено кафе
2 шолји шлаг
1 шолја хопла
3/4 шолји шеќер (поделени)
3 лажички од инстант кафе
4 жолчки од јајцеПодготовкаИстопете го чоколадото и измешајте го со свареното кафе. Тргнете ја оваа смеса на страна.
Ставете го шлагот и хоплата, 1/2 чаша шеќер и лажичка инстант кафе да се затоплат, и мешајте додека не се стопат шеќерот и кафето.
Измешајте ги жолчките и останатиот дел (1/4) од шеќерот со миксер додека смесата не стане подебелла и бела. Со миксер на мала брзина, постепено ставете ја претходната смеса во смесата со жолчка.
Затоплете го околу 6-8 минути, и мешајте додека смесата не стане густа. Откако ќе се згусни, тргнете ја смесата и измешајте ја со чоколадната. Покријте и оставете да се замрзни.
3. Сладолед од банана и кокос
2 чаши засладени снегулки од кокос
1 шолја шеќер
6 жолчки од јајца
4 шолји млеко
2 шолји хопла
1 пакување крем од кокос
2 лажички ванилин шеќер
3 здробени банани
Подготовка
Ставете ги заедно снегулките, жолчките од јајцата и млекото во тенџере заедно со снегулките од кокос и мешајте 20 минути додека не се згусни смесата.
Тргнете ја смесата. Ставете ја хоплата, кремот од кокос и ванилата. Ставете ја бананата и оставете да се замрзни.
4. Ванила сладолед со овошје

3 јајца
1 1/2 шолја шеќер
2 лажички брашно
1/2 лажичка сол
4 шолји немасно млеко
1 шолја шлаг
1 лажичка ванилин шеќер
1 пакување замрзнато овошје (ваш избор)
Подготовка:
1. Изматете ги јајцата додека смесата не стане подебела. Промешајте заедно со шеќерот, брашното и солта и добро измешајте. Постепено додавајте го шеќерот во јајцата. Исто така додавајте го и млекото.
2. Ставете ја смесата да се испечи на околу 170 степени. (треба да дојде дебела)
3. Ставете ја смесата во голем сад и измешајте ја со шлагот, останатиот дел од ванилиниот шеќер и измешајте со посакуваното овошје.
4. Оставете да замрзни.
5. Сладолед од бадеми
1 засладено кондензирано млеко
1 кондензирано млеко
3 шолји целосно чоколадно млеко
2/3 шолји чоколаден сируп
3/4 исечени бадеми
Подготовка:
Измешајте ги 4-те состојки во сад. Оставете ги да замрзнат 30 минути.