Зошто се’ уште ѕвонат мобилните на патниците во исчезнатиот авион?

Роднините и семејствата на патниците во МХ 370 тврдат дека нивните мобилни телефони се’ уште ѕвонат.

Како што пренесе „Вашингтон Пост“ роднините на дел од патниците во авионот кој исчезна во петокот можат да им ѕвонат на мобилните телефони, но за жал, нема одговор од друата страна.

Еден маж раскажал дека го видел својот зет уклучен на кинеската социјална мрежа QQ, но само за кратко. Но, и покрај се, сите пораки  и повици се неодговорени.

Овие информации дека исчезнатите 239 патници се’ уште се достапни на своите мобилни телефони и социјалните мрежи внесуваат  нова паника, но и надеж кај семејствата кои очајно чекаат добри вести.

Овие нови информации се и помош за истрагата.