Денеска заврши снимањето на документарниот филм за тајната на охридскиот бисер, снимен на повеќе локации во Охрид.
Дејствието во документарецот се одвива во периодот помеѓу 1924 и 193о година.
Режисер е Никола Кумев, а улогите ги толкуваат познати актери од Македонија. Меѓу нив е и Владо Јовановски,кој го глуми човекот што ја донел тајната на охридскиот бисер, Јован Субанович. А, Љупчо Тодоровски Упа ја игра улогата на еден од основоположниците на охридскиот бисер, Никола Филев.
Никола Кумев
Приказната за настанувањето на охридскиот бисер е многу интересна. Ја дознав од Михајло Филев пред две години и сакав таа тајна што веќе 90 години се провлекува да ја споделам со публиката и да режирам нешто што досега никој не го направил, а навистина заслужува да добие своја проекција, вели Кумев.
Филмот е во продукција на продукциската куќа „Кумев Брадрс“, а се снима во соработка со познатите охридски фамилии кои изработуваат охридски бисери: Талеви и Филеви.