
Невреме проследено со обилни врнежи од дожд и грмотевици вечерва го зафати кичевскиот регион.Главната сообраќајница во градот која е дел од магистралниот пат Кичево-Охрид е под вода, а повеќе возила се заглавени и оставени на коловоз, сведочат очевидци за OhridNews.
Поради отежнатите услови и големата количина вода на коловозот, сообраќајната полиција ги пренасочува возилата кои сообраќаат кон Охрид по алтернативни патишта. Граѓани информираат дека кај Кичево е формирана колона од возила, која се движи полека, но сообраќајот не е запрен.