Однадвор добрица, одвнатре злобница! На овие хороскопски знаци не им верувајте!

Кога станува збор за љубовта, работите често не се сосема чисти. За жал, се случува едната страна да има „розови очила“, додека другата само чека можност некому да му направи „рогови“.

Иако е логично дека на почетокот на врската нема веднаш да паничите и да го следите секој чекор на вашиот партнер, ако сакате сериозна и посветена врска, можеби би било подобро да ги одбегнувате овие хороскопски знакови.

Овен

Огнениот знак е познат по „краткиот фитил“ и изразениот темперамент. Сепак, не е само по тоа. Овните се познати како многу страствени љубовници на кои сексуалната енергија им е многу важна. Бракот ретко ги смирува, напротив, голем број припадници на овој знак лошо ги поднесуваат промените.

Либидото воглавно им е поголем непријател, отколку пријател, бидејќи многу често не се во состојба да го контролираат. Овните поради „пеперутки во стомакот“ многу лесно ќе се впуштат во афера, па дури и ќе го сменат партнерот, особено ако новата љубов им пружа поголема возбуда во кревет.

Вага

Поради својата неодлучност и претераната желба да остават добар впечаток, на Вагите ќе им биде многу лесно да се впуштат во флерт, кој често може да прерасне и во нешто друго.

Припадниците на овој хороскопски знак се многу страствени, но во исто време мечтаат за филмска љубов која ќе им удоволува во се. Токму поради тоа, лесно паѓаат на комплименти, што може да биде многу опасно…

Стрелец

Уште еден огнен знак кој не може да го замисли животот без секс. Ќе сторат неверство, но не поради емоции, туку исклучиво водени од либидото. Стрелците не гледаат на неверството како на неморален чин, туку како спорт кој едноставно мора да го практикуваат од време на време. Таков им е хорокоскопот.

Припадниците на овој знак обично водат сметка за својот физички изглед, а познати се по својот шарм на кој тешко кој може да одолее.