Јанукович ќе се обрати на Конгресот и Врховниот суд на САД

Соборениот од влас, претседателот на Украина, Виктор Јанукович, има намера да се обрати до Конгресот и Врховниот суд на САД, со барање да биде дадена правна оценка на дејствијата на американската Влада во Украина, пренесе „Интерфакс“.

„Според вашите закони немате право да им давате пари на криминалци“ рекол Јанукович.

Јанукович додал дека изборите за претседател на Украина, што треба да се одржат во месец мај се „нелегитимни“ и истакнал дека ќе се врати во Киев, кога околностите тоа ќе го дозволат.