
Во Скопје денеска ќе бидат одбележани 75 години од формирањето на Првиот скопски партизански одред.
За значењето на овој датум на одбележувањето ќе говори Борко Зафировски член на претседателсвата на главниот и градскиот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 година.
На собирот се очекува да присуствуваат претставници на Град Скопје, Општина Карпош, претставници на политичките партии во РМ, учесници во НОАВМ, граѓани и почитувачи на НОАВМ и нејзините придобивки.