Интернетот е преполн со рецепти за брзи десерти што ме земаат многу време и труд и што не се печат. Еве еден рецепт за брза торта што не се пече.
Состојки:
- 800 грама бисквити
- 100 грама ореви
- 200 грама шеќер
- 60 грама какао
- 240 мл вода
- 150 грама путер
- Лажичка екстракт од ванила
- 120 мл слатка павлак
- 120 грама млечно или чоколадо за готвење
Подготовка:
Сите бисквите се кршат и се ставаат во голем сад. Пропржете ги оревите околу 5 минут, повремено промешајте ги, а потоа ставете ги во бисквитите.
Во тенџере измешајте го шеќерот и какаото, па додавајте вода со постојано мешање. Добро соединете да се добие еднолична смеса, па додадете путер и ставете на рингла путерот да се стопи и да се соедини со смесата. Ќе треба да готвите околу 7-8 минути на средна температура.
Оладете 10 – 15 минути и додадете екстракт од ванила. Промешајте, па истурете ја смесата врз искршените бисквити со ореви.
Добро промешајте за кремот секаде да се распореди, па ставете во плех или во некој подлабок сад за да го обликувате десертот.
Тоа можете да го направите со лажица или со шпатула, па кога ќе ја обликувате, покријте го садот со тортата и оставете го да отстои во фрижидер околу половина час до еден час.
Пред да ја извадите тортата од фрижидерот, ставете ја слатката павлака да проврие, па со неа прелејте ја чоколадата.
Оставете така да отстои една минута, па почнете да мешате додека добро не се соедини. Ставете ја смесата на тортата.
Премачкајте ја тортата со оваа смеса и оставете да се олади во фрижидер барем 3-4 часа пред послужување. Десертот е готов.