Тиаго Силва не сака да биде наследник на Пујол

Капитенот на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Тиаго Силва откри дека не планира никаква преселба на “Ноу Камп” и додаде дека нема да биде именуван за наследник на легендарниот капитен на каталонскиот гигант Барселона, Карлес Пујол.

“Одлично се чуствувам, но ми годат и тие информации дека сум желба на Барселона, дека го имам се тоа што е потребно за да бидам наследник на Пујол. Сепак, јас сум среќен во Париз и тука имам незавршена работа. Сакам до крај да го испочитувам договорот кој го имам со челниците на ПСЖ. Сега сум фокусиран само на Лигата на шампиони и ако продолжиме со ваквиот ритам можно е да го освоиме и победничкиот пехар. Според мене, најголем конкурент на ПСЖ е актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М)”, изјави бразилскиот интернационалец.