
Објаснувајќи ја целата процедура, тој посочи дека во овие тимови имало над 120 експерти кои во период од 10 до 12 месеци ги подготвувале извештаите за набавка на опремата.
-Дел од опремата која може да се користи уште најмалку 7 до 10 години се реновира. Ремонт правиме на хелокоптерите, првите два хеликоптери на почетокот на оваа година беа испратени на ремонт и очекуваме да дојдат во октомври ноември година. Но, за дел од опремата како што се оклопни возила, радари и други средства се дефинирани во овие 12 тимови и започнат е процесот на аквизиција, истакна Јолевски.
Министерот додаде дека кога е започнато со овој процес поставени биле две главни цели.
-Прво, заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија бидејќи тоа е основната мисија на Армијата и втората цел е да ги исполниме партнерските цели. Република Македонија во текот на преговорите за членство во НАТО има преземено одреден број на партнерски цели во поглед на опремувањето на АРМ и внимававме целата опрема што ја набавуваме да биде согласно нашите партнерски цели и набавена од производители земји членки или партнери на НАТО, објасни Јолевски.
Тој додаде дека инвестирањето во одбранбениот сектор во последните неколку годии е зголемено насекаде во светот, посебно во Европа.
-Еден од главните заклучоци на претпоследниот Самит на НАТО беше дека земјите членки на НАТО треба да издвојуваат 2% од БДП за одбрана, од кои 20 проценти ќе бидат за модернизација на нивните армии, потенцираше министерот за одбрана.
Јолевски нагласи и дека во текот на модернизацијата на Армијата особено внимание се посветува и на обука на припадниците на АРМ во употреба на овие средства, но и на техничките лица за одржување на овие средства. Дополнително продолжува и вложувањето во човечките ресурси во АРМ.
Целото интервју погледнете го во видеото во продолжение