
-Сите пожари, по дојавата, беа на време локализирани и беше спречено нивно проширување на поголеми површини, што секако е наша цел и приоритет при дејствувањето, меѓутоа за нас е забележливо дека сите пожари се предизвикани од палење на стрништа, меѓи или други земјоделски површини и покрај тоа што на време апелиравме на внимателност, рече Драги Делев, командир на ТППЕ Гевгелија.
Поради ваквото несовесно однесување на поединци, гевгелискиот градоначалник Иван Франгов, денеска побара засилување на казнената политика и поднесување кривични пријави против сите лица кои без да водат сметка за последиците, потпалуваат сува трева и стрништа.
Без оглед на тоа што сите пожари се изгаснати, сепак причинети се големи материјални штети и непотребни трошоци на ТППЕ Гевгелија.