
Ако постојано ги лакирате ноктите, особен о во потемна нијанса најверојатно сте забележале дека вашите нокти почнале да жолтеат. Еве како да ги избелите, а да не ги оштетите.
Потребна ви е паста за избелување на забите и стара четкичка за заби. На секој нокт ставете малку паста, така што целосно ќе го покриете ноктот и оставете да отстои три до четири минути.
Потоа нежно со четката истријте го секој нокт, а потоа измиете го. Постапката можете да ја повторите по потреба. Активните состојки во пастата за заби ќе го отстранат и жолтилото од ноктите.