Можеби ви звучи како мит или како легенда за која се говори, но навистина постојат жени што успеваат да доживеат оргазам секој пат кога имаат односи. Која е нивната тајна?
Ако прифатиме дека оваа информација може да биде вистинита, тогаш и советите од овие жени можеби ќе ви помогнат и вам…
- Важна им е мастурбацијата
Жените што мастурбираат редовно станале експерти за сопственото тело и знаат каде се наоѓаат „магичните точки“ што може да ги доведат до врвот, тв рди Фре н Велфиш, доктор психолог и додава дека тие жени знаат кое темпо им е потребно, кој притисок и брзина и де ка кај нив секој допир води до оргазам. Тие сопствените спознавања за своето тело јасно ги пренесуваат и на сексуалниот партнер, па затоа многу ретко им се случува да не доживеат оргазам.
- Обрнуваат внимание на клиторисот
На поголемиот број жени им е потребна стимулација на клиторисот за да доживеат оргазам, а многу мал број жени го доживуваат со пенетрација. Сите знаеме каде се наоѓа клиторисот, а ако му покажете малку љубов, оргазмот е загарантиран.
- Ја знаат важноста на предиграта
Предиграта е можеби најважна за постигнување оргазам. Ако ви се брза, тогаш посветете барем 20 минути на предигра. Со нежните бакнежи по целото тело напнатоста само ќе расте па така сте на добар пат на крај да доживеете и оргазам.
- Јасно кажуваат што сакаат
Што ви се допаѓа? Што сакате? Тоа се прашања на ко вашиот партнер мора да го знае одговорот. Ако сте срамежливи, запомнете дека тие информации многу му помагаат и нему затоа што таквата комуникација меѓу партн ерите овозможува опуштеност и полесно фокусирање на задоволувањето на партнерот. Доколку ви се допаѓа тоа што го прави партнерот, тогаш кажете му.
- Не размислуваат за оргазам
Баш како што е и со љубовта, така и оргазмот не се бара, туку се случува. Ако постојано мислите на него големи се шансите да не го доживеете. Колку сте поопуштени, толку полесно ќе го доживеете. Пробајте да се опуштите со вежби што ќе ви помогнат да се ослободите од стресот и анксиозноста и дозволете си да уживате во самиот однос.