Неделен хороскоп: Што ве очекува до 4-ти септември?

Што ве очекува оваа недела? Дознајте како ви се наклонети ѕвездите, дали оваа недела е добра за инвестирање или за отпочнување нови љубовни врски…

Овен

Потрудете се да се забрзате оваа недела. Мошне е  важно да ја сфатите важноста на дружењето, забавата, опуштањето.  Бидете прецизни и вредни на работното место, но немојте поради работата да го загрозувате сопственото здравје. Конечно односите со партнерот ќе се поправат, а слободните може да запознаат некоја интересна личност.

Бик

Можни се ненадејни трошоци оваа недела. Потрудете се да се  насочите на работата и на сите обврски што ги имате. Имајте на ум дека е мошне важно добро да се организирате. Оваа недела е добра за љубов, па изненадете го партнерот со некој подарок. Слободните, не треба да наоѓаат премногу маани кај другите. Преку работата можете да запознаете некоја забавна личност.

Близнаци

Имате голем број нови идеи. Од оваа недела би требало сепак да се свртите кон работата и да ги завршите обврските што не сте ги завршиле. Сега не е време за нови почетоци. Потрудете се да го извлечете најдоброто од себе си. Ова е одлична недела за забави и излегувања. Зафатените тре ба да му посветат повеќе внимание на партнерот.

Рак

Сега не е време за некои ин вестиции, но можете да купите некои ситници за да го разубавите домот. Важно е да се насочите на позитивни нешта, а не на негативните. Во моментов сте покомуникативни од вообичаено. Ова е добра недела за купување телефон. Можеби ќе бидете под стрес затоа што не оди се баш како што посакувате на работното место, но обидете се со упорност да ги надминете проблемите.

Лав

Оваа недела е како создадена за нови договори и преговори. Ова е одличен период за пократки патувања. Немојте да бидете забавени ако имате некои документи да изработите, туку тоа треба да го изработите сега. Тоа е мошне важно. Ќе се подобрат односите со роднините. Преку роднините можете да запознаете некоја интересна личност, очекувајте повик за некој состанок. Зафатените треба да поработат на комуникацијата со партнерот.

Девица

Потрудете се да се свртите кон себе си. Бидете вредни и амбициозни и ставете ги вашите обврски пред туѓите. Организацијата е мошне важна. Оваа недела очекувајте помош од некоја блиска личност во врска со работата. Можен е прилив на пари. Уживајте со партнерот и угодете си еден на друг. Ако сте слоб одни, сега нема да сакате некои нестабилни односи, туку спротивноти. Ова е хармонична недела, но пом инете повеќе време надвор од домот.

За другите хороскопски знаци повеќе на следната страница…