Косово: Фрлена експлозивна направа во домот на генералниот директор на РТК

– Во текот на изинатата ноќ експлозивна направа е фрлена во домот на генералниот директор на Косовската радио телевизија (РТК), Ментор Шали, во Приштина, јави ТАСС.

– Експлозијата беше силна, се случи кога целото семејство беше во куќата. За среќа никој не е повреден, изјави Шали.

Се претпоставува дека во домот на Шали била фрлена рачна бомба.

Косовската полиција го истражува случајот.

Ова е втор напад врз РТК во последните неколку дена.

Претходно во дворот на телевизијата беше фрлена граната.