
Во среда кон крајот на денот се очекува зголемување на облачноста и локален краткотраен дожд со ретка појава на грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во четврток попладне се очекува да има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, на места во форма на невреме.
Во случај на електрични празнења, УХМР препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор, како и под осамени дрвја.