
До крајот на неделава истекува последниот рок за пријавување на субвенциите за осигурување на земјоделското производство.
Доколку сакаат да се осигураат, за субвенционирање на овие премии фармерите имаат на располагање 70 милиони денари.
До 31-ви август земјоделците кои сакаат да го осигураат родот треба да поднесат барање во подрачната единица на Министерството каде што е регистрирано стопанството.
Субвенцијата е 60 проценти од вредноста на полисата.
Условите се максималната површина да изнесува 10 хектари за лозови и за овошни насади, 2 хектари за градинарски култури и 20 за житни.
Вкупните средства наменети за оваа мерка се 70 милиони денари, а максимален износ на поддршката е до 150.000 денари за едно земјоделско стопанство.
Oд оваа година право да поднесуваат барања за субвенционирање имаат и сточарите. Осигурителнитe компании нудат пакети за угинување на домашните животни поради болест, несреќен случај и принудно колење.