Ликестра е необичен уметнички проект кој ја комбинира музиката и љубовта кон сладоледот.
Американските дизајнери Емили Блак и Карла Дијана осмислиле интелигентно замрзнато слатко кое им овозможува на сладокусците да компонираат музика додека уживаат во неговиот вкус.
Корнетот од сладоледот содржи сензори кои што го регистрираат секој „лиз“ и испраќа електронски сигнал до компјутерот кој што го претвора во музичка нота.
Мелодијата се формира во зависност од начинот и брзината на лижењето.