
Премиерот Емил Димитриев, образложувајќи го предлогот, рече дека од биографијата на Андонов може да се види дека целосната негова кариера е во сферата на одбраната и безбедноста.
-Се работи за поранешен припадник на АРМ, потоа на МВР, а во делот на науката, сите негови постдипломски и докторски студии се во областа на безбедноста. Се работи за човек кој покрај тоа што работел во МВР, со својот научен кредибилитет и постигнувања во безбедноста ќе даде максимум за што е можно попрофесионално извршување на функцијата министер за внатрешни работи, рече Димитриев.
Тој додаде дека Владата смета и на досегашниот министер за внатрешни работи Митко Чавков кој има професионално искуство во МВР и планира да биде на една од клучните позиции во овој ресор.