
Очајните милитанти на ИД се обидоа да го спалат ирачкиот град Кајари од каде беа потиснати од страна на ирачките сили.
Тие го разнесоа нафтоводот и градските улици ги поплавија со нафта што потоа ја запалиле. Токсичната пареа целосно го прекри сонцето, а температурата во пустинскиот град наскоро стаса до 50 степени целзиусови.
Загубата на Кајари е голем удар за ИД не само поради 60 те нафтени извори во околината што им носеле огромна заработка, туку и поради стратешки важниот правец кон Мосул.
ИД од Кајари дневно извезуваше по 50 цистерни нафта што сега гори по градските улици. Жителите се жалат дека е невозможно да пом инат повеќе од неколку минути надвор од домовите, а веќе се јавија и случаи со сериозни белодробни проблеми.
Исто така има известивања и за ислевање на нафтата во реката Тигар, поради што постои стра од поголема еколошка катастрофа.
Невозможно е да се процени колку време ќе биде потребно за пожарите да се угаснат. Кога ирачките сили во повлекувањето пред американската војска во 1991-вата година ја употребија истата тактика поголемиот број нафтени бушотини гореле по два месеци, а некои не се изгаснале ниту цела година.