
При изведбата на прекопот, како што соопшти Град Скопје, во ниту еден момент нема да биде затворена за сообраќај улицата, туку ќе се воведе привремен сообраќаен режим и ќе се постави сигнализација.
Град Скопје апелира до учесниците да се придржуваат на поставената сигнализација, за безбедно и непречено одвивање на предвидените градежни работи, како и на сообраќајот.
Прекопот се изведува поради дислокација на подземни кабли кои се наоѓаат на трасата на градежните работи на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“.