
Во директен судир меѓу мотор и автомобил опел со прилепски регистарски таблички попладнево тешко е повреден моторџија од Велес.
Според првичните информации сообраќајната несреќа се случила при директен судир при што од брзината моторот излетал на кровот од автомобилот.
Среќа во несреќа е што од ударот мотороџијата наместо на асфалтот паднал во канал близу патот.
Минал само со скршеници на рамото и е хоспитализиран во прилепската општа болница.
На оваа сообраќајна несреќа биле зачудени и истражните органи кои вршат увид и ги утврдуваат причините. Најпрвин добиле впечаток дека моторот се има превртено а возачот на автомобилот го има товарено моторот за да го транспортира.
Подоцна при увидот и разговорот со еден од учесниците во сообраќајката утврдиле дека од брзината и силата при ударот моторот застанал на кровот од опелот.