Белград: Ја убил поранешната девојка, па се застрелал себе си

45-годишниот С. Ј. Од Белград  ја убил поранешниот девојка, а потоа се самоубил, пишува српски “Телеграф”.

Очевидец раскажува: “Со неговата внука се шетав по улица „Виноградски венец“ 36 кога слушнавме маж и жена како се расправаат. Потоа одеднаш тој истрела во неа два куршуми, може и да беа три, а таа падна на земја. Потоа напаѓачот го  сврте пиштолот  кон себе и исто пукаше.

По неколку секунди, сепак успеа да стане и отрча до зградата и  сфатив дека е  жив.

Запре пред влезот и повторно пукаше во себе. Внуката го  виде сето тоа и сега е во шок “, раскажува постариот Србин кој стана несакан  очевидец на драмата.

Според непотврдени информации, убиената 36-годишна Д. Ј. Била фризерка, со убиецот живееле заедно со нејзината ќерка од претходниот брак, а причина за убиството најверојатно е љубомора.