Гаревски потенцираше и дека сите градби изградени по катастрофалниот земјотрес без проблем би го издржале потресот.
„Нема причина за паника од аспект на тоа дека сите овие земјотреси што се случуваа не се вбројуваат во силни земјотреси, така што не постои никаква шанса да бидат оштетени конструкциите на зградите од овие земјотреси“, изјави за ТВ Нова Михаил Гаревски, директор на Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) на универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.