Инаугурација на новоизбраниот ректор на УКИМ Јанкуловски

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска ќе го инаугурира новоизбраниот ректор, проф. д-р Никола Јанкуловски, со што тој и официјално ќе стапи на оваа функција.

Церемонијата ќе се одржи во аулата на Универзитетот во 12 часот.

Јанкуловски е декан на Медицинскиот факултет во Скопје, професор по предметот Хирургија и абдоминален хирург. Од септември 2007 до април 2009 година бил директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија. Добитник е на наградата Св. Климент Охридски“ од областа на здравството во 2013 година и наградата „11 Октомври“ во 2015 година.

За ректор на УКИМ беше избран во јуни годинава со што ја наследи функцијата на досегашниот Велимир Стојковски.