
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска на прес-конференција ќе го презентира шестмесечниот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство.
Тоа е втор шестмесечен извештај за работните активности на СЈО што треба да биде доставен до Собранието на Република Македонија и до Советот на јавни обвинители.
Првиот извештај на Специјалното јавно обвинителство до Собранието и Советот на јавни обвинители беше поднесен на 15 март, но Јанева не го образложи извештајот пред пратениците и пред Советот, па седниците беа одлагани неколку пати.
Според Законот за Специјално јавно обвинителство, СЈО е обврзано на секои шест месеци да дава отчет пред Собранието и Советот на јавни обвинители.
СЈО откако беше формирано за една година отвори пет истраги: „Титаник“, „Тортура“, „Тврдина“, „ТНТ“ и „Транспортер“.
Специјалното јавно обвинителство за поведените предистражни и истражни постапки досега нема поднесено ниту едно обвинение.