Страшни поплави во Хрватска (ВИДЕО)

Многу грмотевици, обилни врнежи и силни ветрови го зафатија целиот брег на Истра, на приморјето во Хрватска. Најпогоден од невремето е Пореч, каде што веќе ги поплави патиштата, многу автомобили и угостителски објекти.

Според информациите на „Истра.нет“ во многу краток временски период после 13 часот наврнало многу силен дожд.

hrvatska-nevreme-640x360

Метеоролозите најавуваат дека најлошото допрва доаѓа и дека најголемата количина на врнежи доаѓа во попладневните и вечерни часови.