
„Утринава во Битола се случи тешка сообраќајна несреќа, кога возило „фолксваген пасат“ удри во дрво. Од силината на ударот на лице место животот го загуби совозачот, 44-годишна сопруга на возачот на автомобилот. Возачот, 49-годишен жител на Крани, Преспанско со тешки повреди е пренесен во болница за укажување медицинска помош“, соопшти ЈО.
Јавен обвинител заедно со екипи од МВР изврши увид на лице место и издаде наредби за земање на крв и урина од возачот, за сообраќајно техничко вештачење, како и за вршење на обдукција на телото на починатата.