
Во Градскиот парк, на платото пред фонтаната Лотосов цвет, утре во 10 часот ќе се одржи манифестација „Движи се за здравје“ која што ја организира Детскиот културен центар „Карпош“.
Манифестацијата е од забавно-рекреативен карактер и опфаќа вежби за подобрување на моторичкиот развој кај децата од рана предучилишна и од училишна возраст.
Во манифестацијата „Движи се за здравје“ ќе учествуваат и децата членови од ликовната, танцовата и од фолклорната секција при ДКЦ „Карпош“, како и деца од предучилишна возраст од градинките од Скопје и од околината.