– Кога британскиот народ гласаше за излегување од ЕУ тие не гласаа за свртување кон себе ниту за дистанцирање од нашите партнери во светот, наведе Меј во своето обраќање на ГС на ОН.
Според неа, Британија ќе биде отворена за светот и глобален партнер во средиштето на меѓународните напори за да обезбеди мир и просперитет на сите луѓе.
Меј додаде дека Лондон ќе ја зголеми својата безбедносна поддршка за Сомалија во борбата против екстремистите од Ал Шабаб.