
Настанот ќе се случува на 25. септември во 13 часот во Тренд Гастро бар во населбата Аеродром.
За поддршка и кревање на свеста кај мажите за превенција од рак на простата повеќе од 60 моторциклисти ќе продефилираат низ централните скопски улици со уникатни мотори и џентлменска гардероба со што ќе го истакнат префинетиот вкус во модата. Со тоа се надеваат дека ќе не вратат назад низ во времето кога естетиката и деталите биле повеќе дел од нашиот живот и се ценеле.
Партнер на настанот е глобалната Мовембер Фондација, која е најголема глобална фондација што се грижи за здравјето на мажите. Фондацијата од 2003 година до денес брои милиони членови и собрани повеќе од 715 милиони долари кои се наменети за повеќе од 1000 проекти за рак на простатата, рак на тестисите, како и превенција од самоубиства кај мажите.
Визијата на оваа фондација е да создаде свет каде што мажите ќе се социјално поврзани и ќе се чуствуваат слободно да зборуваат за овие болести,со што глобално би се зголемила свеста,како и превенцијата на истите.