
И додека правото на протест е демократско право на секој граѓанин во Република Македонија, скандалозно е мали дечиња да бидат злоупотребувани во политички цели од повозрасните, макар тоа биле и нивните родители членови и активисти на СДСМ.
Освен што на деца од 10-години местото не им е на протест туку во училниците, а протестот треба да го прават нивните родители / старатели, срамна и шокантна е вмешаноста на СДСМ во овој протестен собир на кој се злоупотребени најмладите, а е снимен само од камерите на Телма телевизија што дополнително потврдува дека се работи за „акција“ координирана од Бихаќка.