
Повредените веднаш се пренесени во болница и нивниот живот не е во опасност.
– Нападот се случил околу 20 часот и 30 минути по локално време, откако тројцата вооружени мажи се собрале во група, пристигнувајќи од различни правци, изјави комесарот на балтиморската полиција Кен Дејвис.
Тој додаде дека станува збор за планиран одмазднички напад како одговор на престрелката на почетокот од месецов, пред одбележувањето на Денот на трудот, кога еден маж бил убиен, а две жени се повредени, од кои едната била бремена.
Дејвис не објаснил како истражните органи утврдиле поврзаност меѓу двата инцидента.
Комесарот истакна дека лицата, кои синоќа беа повредени, би можеле да ги препознаат напаѓачите, но властите не можеле веднаш да ги идентификуваат осомничените и се уште трагаат по нив. Едниот од нив имал ловечка пушка, а другите двајца носеле пиштоли.