Локалната полиција соопшти дека при експлозијата нема повредени лица.
– Иако досега никој не презеде одговорност, мораме да се базираме на тоа дека мотивот бил ксенофобија, наведе шефот на локалната полиција, Хорст Кречмар.
Засега нема податоци колкава штета е нанесена врз објектите.
Пред конгресниот центар е пронајден остаток од експлозивот, пренесува БТА.
Засилени се мерките за безбедност пред сите џамии во Дрезден.
Следниот месец градот ќе биде домаќин на националната прослава по повод обединувањето на Германија.
Дрезден е престолнина на провинцијата Саксонија, каде во последно време има доста напади мотивирани врз расистичка основа.